НЕ СЕ ОПУШТАЈТЕ ПРЕД ВОЛАНОТ ЗА ПРАЗНИКОТ! Возете внимателно и одговорно за време на празничниот викенд
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) упатува честитка за празникот 2 Август и апелира возачите внимателно и одговорно да управуваат со моторните возила за време на претстојниот продолжен празничен викенд. Во овој период вообичаено се зголемува бројот на моторни возила и учесници во сообраќајот, со што расте и можноста за сообраќајни незгоди.
Затоа, РСБСП апелира на сообраќајна култура, етичност и максимално почитување на сообраќајните правила и прописи од страна на сите учесници во сообраќајот со што ќе се придонесе за безбедното одвивање на сообраќајот на патиштата.
РСБСП упатува потсетување до возачите:
– Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи и поставената сообраќајна сигнализација.
– Користете сигурносен појас.
– Не управувајте со моторно возило ако сте под дејство на алкохол.
– Прилагодете ја брзината според условите на патот.
– Не го потценувајте заморот. Доколку патувате на подолги релации, задолжително правете почести паузи за одмор и освежување со вода и безалкохолни пијалоци.
– Не користете мобилен телефон додека управувате со моторно возило.
– Одржувајте безбедно растојание и внимавајте на однесувањето на другите учесници во сообраќајот.
– Бидете совесни и одговорни учесници во сообраќајот.
– Сите заеднички да придонесеме доброто празнично расположение да трае и после одбележувањето на празниците. Преземете мерки за ваша и безбедност на другите учесници во сообраќајот – порачуваат од РСБСП и посакуваат безбеден продолжен празничен викенд на сите граѓани.