НЕ СЕ ОДЛОЖУВА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА ОД ПУШЕЊЕТО Министерството за здравство ќе ја достави до Владата финалната верзија

Законот ќе стапи на сила по неговото донесување согласно роковите. Фазноста се однесува на начинот на примена во почетниот период, при што првата фаза ќе биде со засилен надзор, информирање и со опомени, соопшти Министерството за здравство.

794

Министерството за здравство останува целосно посветено на донесување и имплементација на Законот за заштита од пушење, согласно законските рокови, информира Министерството.

„Во моментот се финализира анализата на пристигнатите коментари од јавната расправа на ЕНЕР, како и ставовите доставени од засегнатите страни, институциите и од бизнис заедницата, по што следната недела финалната верзија ќе биде доставена до Владата. Потенцираме дека овие усогласувања не ја менуваат суштината на законот. Целите остануваат јасни и непроменети: спречување на започнување со пушење кај младите и создавање генерации без никотинска зависност, заштита на работниците и граѓаните од пасивно пушење во затворени јавни и работни простории“, соопшти Министерството за здравство.






Во врска со наводите за „фазна имплементација“, појаснуваме дека тоа не значи одложување на неговата имплементација по усвојувањето во Собранието, додава Министерството.

„Законот ќе стапи на сила по неговото донесување согласно роковите. Фазноста се однесува на начинот на примена во почетниот период, при што првата фаза ќе биде со засилен надзор, информирање и со опомени. Целта е институциите, угостителите и граѓаните да се адаптираат, да добијат јасни упатства и поддршка, а културата на почитување на правилата да се изгради одржливо на долг рок“, се вели во соопштението.

Министерството, се додава, останува отворено за комуникација и навремено информирање на јавноста за секој следен чекор од процесот.

Претходно, надлежните најавија дека планираат овој закон да стапи на сила на 1 март.

ЗА ПОЧЕТОК МЕКА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПУШЕЊЕ? Речиси пола нација пуши, а трендот е јавен простор без чад

Поврзани содржини