НЕ СЕ ОДБИВААТ 120 МИЛИОНИ ЕВРА ТОЛКУ ЛЕСНО Лука Модриќ се сели во Саудиска Арабија

37-годишниот Модриќ игра за Реал Мадрид уште од летото 2012 година. За клубот одигра 487 натпревари, постигнувајќи 37 гола и 77 асистенции.

974

Хрватскиот ветеран Лука Модриќ добил понуда од Саудиска Арабија вредна 120 милиони евра за три години, па тој може да биде вториот играч од „кралскиот клуб“, заедно со Карим Бензема, кој ќе замине на Блискиот Исток.

На двајцата ветерани им истекува договорот на „Сантијаго Бернабеу“.






37-годишниот Модриќ игра за Реал Мадрид уште од летото 2012 година. За клубот одигра 487 натпревари, постигнувајќи 37 гола и 77 асистенции.

Хрватот со Реал Мадрид петпати ја освои Лигата на шампионите и Светското клупско првенство, освои четири трофеи во Суперкупот на Шпанија и во Суперкупот на УЕФА, има три титули во Ла Лига и два пехари во Купот на Шпанија.

Во 2018 година, Лука Модриќ ја доби „Златната топка“ и беше избран за најдобар играч на годината на ФИФА.

Поврзани содржини