„НЕ СЕ МЕШАЈ ОТИ ЌЕ ТЕ ЗАКОЛАМ“ Велешанец со кујнски нож му се заканувал на својот татко
На 18 мај, осомничениот влегол во кујната и побарал 3.000 денари од неговата мајка, кажувајќи ѝ дека мора да ги најде парите. На тоа реагирал таткото кој му забележал дека е срамота постојано да бара пари од нив, по што осомничениот зел кујнски нож и му се заканил на таткото дека ќе го убие ако се меша.
Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против лице од селото Раштани за кое постои сомнение дека сторило кривично дело – Загрозување на сигурноста според член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.
„Осомничениот, при вршење семејно насилство, ја загрозил сигурноста на неговиот татко, со сериозна закана дека ќе нападне по неговиот живот. На 18 мај, осомничениот влегол во кујната и побарал 3.000 денари од неговата мајка, кажувајќи ѝ дека мора да ги најде парите. На тоа реагирал таткото кој му забележал дека е срамота постојано да бара пари од нив, по што осомничениот зел кујнски нож и му се заканил на таткото дека ќе го убие ако се меша. Со тоа кај оштетениот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв. Имајќи предвид дека ваквото однесување на осомничениот се повторувало и претходно, меѓутоа родителите не пријавувале во полиција, јавниот обвинител одлучи до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес да поднесе предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 8 дена“, се вели во соопштението на ОЈО.