🎥 НЕ СЕ КРИЈАТ ВЕЌЕ! Кети Пери и Џастин Трудо фатени за рака излегоа од кабаре во Париз
Двојката присуствувала на кабаре претстава во „Крејзи хорс“ во Париз за да го прослави 41-виот роденден на пејачката.
Кети Пери и Џастин Трудо синоќа за првпат се појавија заедно фатени за раце со што ја потврдија нивната врска.
Двојката присуствувала на кабаре претстава во „Крејзи хорс“ во Париз за да го прослави 41-виот роденден на пејачката.
Пери носела впечатлива црвена тоалета, а Трудо бил облечен во лежерен црн костум. Двојката изгледала насмеано и опуштено додека го напуштала театарот.
Шпекулациите за нивната романса започнаа летово, кога Пери и Трудо беа видени заедно во Монтреал, Канада.
Пери неодамна ја раскина свршувачката со Орландо Блум, додека Трудо се разведе од сопругата Софи Грегоар по 18 години брак.
Неодамна, двојката беше забележана како се гушка и се бакнува на јахта во близина на Санта Барбара.