Не се кратат парите и за политичките партии од буџетот

231

Со ребалансот на Буџетот нема никакви дополнителни промени на ставката за финансирање на политичките партии, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска на прес-конференција на која го презентира ребалансираниот буџет.

– Со одлуката за прераспределба помеѓу буџетските корисници и фондовите која беше усвоена пред еден месец имаше кратење на ставката за финансирање на политичките партии и таа ставка сега со ребалансот  на буџетот нема претрпено никаква промена- рече Ангеловска.






Таа додаде дека за финасирање на политичките партии се планирани околу 1,7 милиони евра кај Министерството за правда.

Поврзани содржини