БЕЗ КОЛЕБАЊЕ ГО ЗЕДОВ ТРАКТОРОТ И ОТИДОВ ДА ГО СПРЕЧАМ ОГНОТ Потресна приказна на повредениот Златко Димов кој јуначки го гаснел пожарот во Сирково

Златко Димов има неполни 40 години. Во моментов невработен, сопруг и татко на три малолетни деца. Тој рече дека никогаш нема да го заборави тој ден.

1,332

Повредениот во пожарот кај росоманското село Сирково, Златко Димов, се опоравува од изгорениците.

Кога МИА денеска го контактираше, тој повторно беше на Клиниката за пластична хирургија во Скопје. Во телефонски разговор рекол дека најважно од сѐ е што останал жив и што се спасени селото и природните убавини околу него.






Димов има неполни 40 години. Во моментов невработен, сопруг и татко на три малолетни деца. Тој рече дека никогаш нема да го заборави тој ден.

– Бев дома, кога поголемото дете дојде и ми кажа дека избувнал пожарот кај селото. Ниту за момент не се колебав, го зедов тракторот со плуг и заминав на пожарот за да одорам и да го пресечам огнот што се вели, да направам противпожарна пресека за да го спречам огнот да се шири накај селото. Имаше силен ветар, што одеднаш ги наврте пламените јазици околу мене. Немаше каде да одам. Удолу брег, угоре високо. Секундарно морав да одлучам, целиот да изгорам или со најголема брзина и контра пламените јазици веднаш да излезам. Се најдов лице во лице со огнот и излегов од канџите на пламените јазици, но се здобив со изгореници – раскажа хуманиот Димов.

Со повреди на раката и на ногата, лицето и увото, бил преземен од Итна медицинска помош и однесен на Клиниката за пластична хирургија.

– Ќе ми биде малку болно и тешко додека заздравам. Но, најважно е што останав жив да му се радувам на семејството – рече тој.

Не заборави да каже дека ако треба повторно молскавично да одлучува, повторно би го сторил истото, во одбрана на своето село и на околната природа.

Поврзани содржини