НЕ СЕ ГРАДИ ОБЈЕКТ, СЕ ИЗНАЈМУВА НЕКОЛКУ ЧАСА НЕДЕЛНО Од OУ „Киро Глигоров“ велат дека има простор во дворот и за децата

Изнајмувањето на игралиштето е предвидено само по неколку часа во работни денови и само на фудбалското игралиште, додека останатиот дел од училишниот двор останува отворен за децата и за родителите, велат од училиштето.

855

Општинското основно училиште „Киро Глигоров“ Центар во целост ги демантира информациите кои се поврзани со постапката за отстапување на користење на бетонското фудбалско игралиште во дворот на училиштето.

Потенцираме дека на бетонското фудбалско игралиште ќе нема поставување на никаков придружен објект, кој ќе се користи за други намени, како што известија дел од медиумите. Изнајмувањето на игралиштето е предвидено само по неколку часа во работни денови и само на фудбалското игралиште, додека останатиот дел од училишниот двор останува отворен за децата и за родителите. Сите средни училишта во Град Скопје, но и голем процент на основните училишта ги имаат отстапено на користење надворешните игралишта со исти или слични договори и досега“, се наведува во реакцијата од училиштето потпишана од директорката Билјана Билбиловска.






Оттаму додаваат дека целокупната постапка околу избор на правно лице кое ќе го користи бетонското фудбалско игралиште е спроведена во согласност на законите. По претходно запознавање, донесена е Одлука од Училишниот одбор, составен од тројца претставници од Советот на родители, тројца претставници од Наставничкиот совет и еден претставник од локалната самоуправа. Дадена е Согласност од претходниот градоначалник Саша Богдановиќ на 25.05.2021, по основ на Одлука за давање на користење на училиштен простор и спроведување на други активности во врска со основните училишта на Општина Центар, донесена од Советот на Општина Центар.

Од ООУ „Киро Глигоров“ велат дека остануваат отворени за разговор со сите засегнати страни, со единствена цел – наоѓање трајно решение кое нема да наштети на ниедна страна.

Поврзани содржини