НЕ СЕ ГЛЕДА НИ КОЈ, НИ СО КОГО ЗБОРУВА Ковачевски ја видел снимката ама не коментира
Навистина не можат да дадам конкретен одговор зашто на снимката не се гледа кој зборува и со кого зборува, кусо одговори Ковачевски на новинарско прашање по посетата на фабриката „Брако“ во Велес.
Премиерот Димитар Ковачевски ја видел снимката на која наводно се слуша гласот на претседателот на Собранието Талат Џафери, но не може да ја коментира зашто, како што изјави денеска, од неа не се гледа ниту кој разговара, ниту со кого разговара.
– Таа снимка ја погледнав, но се работи за некаков разговор на кој не се гледа ниту кој разговара, ниту со кого разговара. Затоа, од таа причина не можам да коментирам дали претседателот на Собранието разговара со некого во сала, дали е тој вработен или не е. Навистина не можат да дадам конкретен одговор зашто на снимката не се гледа кој зборува и со кого зборува – кусо одговори Ковачевски на новинарско прашање по посетата на фабриката „Брако“ во Велес.
Во јавноста вчера излезе снимка на која се слуша машки глас за кој ВМРО-ДПМНЕ посочи дека е на Талат Џафери како вика кон вработени во Собранието.