НЕ СЕ ЧЕКА ПОВРАТ НА ДДВ ПОДОЛГО ОД ПОРАНО Мицкоски е подготвен да ги слушне бизнисмените кај кои се доцни

Мицкоски, како што рече, не е информиран  дека стопанството чека повеќе од 3 месеци да добие поврат на ДДВ.

485

Повратот на ДДВ кон стопанството редовен и нема поголеми отстапувања од она што било практика во минатото, изјави премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги жалбите на бизнисмени дека чекаат поврат на ДДВ подолго од 3 месеци.

Мицкоски, како што рече, не е информиран  дека стопанството чека повеќе од 3 месеци да добие поврат на ДДВ.






– Нема поголеми отстапувања од тоа што е практика во минатото, ДДВ се враќа редовно, но разлкиката е во тоа што сега внимателно се проверува за да не ни се случат (Ристо) Крмзов и слични луѓе кои го злоупотребувале и црпеле системот и ги злоупотребувале граѓаните – рече Мицкоски.

Тој ги повика бизнисмените кои не добиле поврат на ДДВ да го побараат лично за да види за што станува збор.

– Имам редовни состаноци со стопанските комори и апсолутно не сум слушнал ваква информација. Сите што мислат дека им се должи слободно нека ми се обратат, сите го имаат мојот контакт телефон да видиме дали е тоа така – рече Мицкоски.

Поврзани содржини