НЕ САМО ЗА ДУБАИ, „БИСЕРА АНТОАНЕТА“ ПРОАРЧИЛА СКАПИ КАРТИ И ЗА ЛОНДОН Екс-министерката не отпатувала, парите пропаднале, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Доколку патувањето во Дубаи било важно зошто не заминал некој друг од Министерството кој можел? Или пак станува збор за приватна прошетка на Антоанета, која не знаела каде попрво да замине па ѝ пропаѓале карти?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

1,451

Случајот со 3.000 евра платени од службена картичка за карти за Дубаи, не единствениот ваков за екс-министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Според пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ таа платила и две авионски карти за Лондон за патувањена кое не заминала, па парите повторно пропаднале. На прес-конференција денеска Лефков изјави:

– Бисера Антоанета платила две авионски карти на релација Приштина – Лондон во еден правец во висина од 44.900 денари, а потоа не заминала на пат и парите пропаднале. Иако патувањето не се реализирало, Бисера Антоанета ги оправдала потрошените пари со купените карти. Не е првпат Бисера Антоанета да купува авионски билети и за илјадници евра, а потоа да не го реализира патувањето. Многу логично се поставува прашањето, ако истата работела според план и програма, тогаш многу лесно ќе се предвидело каде може да отиде, а каде не. Очигледно е дека Бисера Антоанета, сама, како ќе ѝ текне си резервирала карти и плаќала илјадници евра само затоа што мислела дека може и сакала да прошета секаде – рече Лефков и додаде:






– Ова е раскалашено однесување и доказ како СДСМ ја ограбувале државата. Утре продолжуваме со нови сознанија од серијалот „Бисера Антоанета“.

Претходно, ВМРО-ДПМНЕ обзнани за трошењата на екс-министерката во Виена.

КУПИЛА АВИОБИЛЕТИ ЗА 3.000 ЕВРА ЗА ДУБАИ, НО НЕ ОТПАТУВАЛА, А ПАРИТЕ ПРОПАДНАЛЕ Нови детали од скандалот со поранешната министерка за култура

Поврзани содржини