„НЕ САМО ШТО СЕ ПОВРЗАНИ СО ДРОГАТА, ТУКУ И ПРЕТЕРАНО ЈА КОНЗУМИРААТ“ Заев и Филипче се нервозни поради нарко-скандалот, тврди ВМРО-ДПМНЕ
Ова покажува дека СДСМ или свесно дефокусира, и се нервозни поради фактот што лица од партијата и нивни екс-функционери се сопственици на фабриките каде е најдена дрога, и на овој начин сакаат да ги дефокусираат трагите или лупаат глупости и водат лични пресметки помеѓу десетици крила внатре во партијата, реагира ВМРО-ДПМНЕ во одговор на обвинувањата на портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.
Екс-лидерот на СДСМ Зоран Заев и актуелниот лидер на партијата Венко Филипче не само што се инволвирани во трговијата со дрога, очигледно претерано ја конзумираат, реагира ВМРО-ДПМНЕ во одговор на портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.
Според ВМРО-ДПМНЕ, ако подетално се погледнат прес-конференциите и заклучоците на СДСМ, ќе се дојде до сознание дека не само што нивни структури се поврзани со трговијата на марихуана туку се активни конзументи на истата.
„Дното во политиката е пробиено кога лица, кои на никаков начин не се поврзани со производство и трговија на дрога, Богданка Кузевска по насока на Зоран Заев излегува на прес и обвинува невини лица.
Ова покажува дека СДСМ или свесно дефокусира, и се нервозни поради фактот што лица од партијата и нивни екс функционери се сопственици на фабриките каде е најдена дрога, и на овој начин сакаат да ги дефокусираат трагите или лупаат глупости и водат лични пресметки помеѓу десетици крила внатре во партијата.
Очекуваме утре по овој принцип да нè обвинат и за земјотресот во Скопје и за ланскиот снег. Помината е секоја граница и пробиено е секое дно. Затоа СДСМ е на дното“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно, Кузеска од СДСМ го нарече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, „македонскиот Мадуро“, велејќи дека неговата порака е дека сите фирми кои работат со медициннски канабис во Македонија се нелегални. Таа обвини и дека власта сè уште нема одговор за тоа како 5 тони дрога ја поминале македонско-српската граница.
„Дали сите фирми се нелегални? Тоа ли го порачува Мицкоски?! Ако е така, зошто не била навреме направена контрола, зошто власта дозволила нелегално да се произведува и да се складира?
Не се кажува дали државата ги субвенционирала? Што ќе се случи ако компаниите побараат отштета? Колку ќе чини оваа медиумска пропаганда, која на крајот ќе ја платат граѓаните.
Во меѓувреме, медиумите во Србија објавуваат нови информации што отвораат сериозни сомнежи. Според овие медиуми, уапсениот функционер на СНС, сестринска партија на ВМРО, поврзан со заплената во Крушевац, бил близок со српскиот министер за одбрана, Братислав Гашиќ.
Доколку ова се потврди, се отвораат нови сомнежи за можна поврзасност и на други функцонери во ВМРО. Прашуваме: Каква е улогата директорот на СОЗР и новоназначен организациски секретар на ВМРО?“, гласи дел од изјавата на Кузеска.