ЧУВСТВУВАМЕ СРАМ Грчкиот премиер и претседателката се заложија железничката трагедија никогаш да не се повтори

Сакеларопулу, за време на денешната средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис додала дека земјата живее трагедија, а општеството е луто и „ја губи довербата во институциите“, истакнувајќи дека овој гнев и бес на народот не смее да се заборави.

191

Не чувствуваме само одговорност, туку би рекла и срам. Мора да има итна и целосна одговорност во секоја насока.  И сите заедно, со сите сили да се погрижиме ваква трагедија никогаш повеќе да не се повтори, рекла грчката претседателка Катерина Сакеларопулу за железничката несреќа во земјата со 57 жртви.

Сакеларопулу, за време на денешната средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис додала дека земјата живее трагедија, а општеството е луто и „ја губи довербата во институциите“, истакнувајќи дека овој гнев и бес на народот не смее да се заборави.






Мицотакис, од своја страна, рекол дека оправдано е што постои лутина кај народот за нешто што „не требаше да се случи“.

Поврзани содржини