„НЕ САКАВ ДА ПРЕСТАНАМ, ПЕЕВ ПОРАДИ ВАШАТА ЉУБОВ“ Лепа Брена се огласи по тешката повреда на концерт и операцијата
Добрата вест е дека се ќе биде во ред, но во моментов ми треба малку време да се опоравам. Вашата љубов, поддршка и трпение во овој период ни значат многу, рече Брена.
Балканската ѕвезда Лепа Брена се огласи откако рано утрово беше оперирана во Загреб поради повреда.
Имено, таа го повредила зглобот за време на концертот, кога врз неа паднал член на тимот, но го завршила концертот – иако тешко повредена.
Сега по операцијата во загрепската болница се огласи преку Инстаграм каде објави слика од синоќешниот концерт.
- 📽️ 📷 КАМЕРМАН ПАДНА ВРЗ ПЕЈАЧКАТА И Ѝ ЈА СКРШИ НОГАТА Лепа Брена на штикли и со завој на зглобот цело време танцуваше на концертот
– Драги мои… Животот не потсети, по којзнае кој пат, колку е важно да се задржиме во срцето и да се сеќаваме на се убаво што имаме, бидејќи ништо не се зема здраво за готово и сè поминува брзо. Но, во исто време не потсетува дека убавите моменти доаѓаат повторно и повторно. За жал, синоќа за време на еден од незаборавните моменти на концертот се случи несреќа на половина од концертот кога снимателот падна врз мене и како последица на тој пад ја скршив ногата. Не сакав да престанам, но за љубов на сите вас во Арената продолжив да пеам. Добрата вест е дека се ќе биде во ред, но во моментов ми треба малку време да се опоравам. Вашата љубов, поддршка и трпение во овој период ни значат многу. Ви благодарам од се срце. Наскоро ќе ве информираме за новите термини за одложените концерти. Ви благодариме за разбирањето и што сте секогаш со нас. Ваша Брена – напишала пејачката.
View this post on Instagram
Веднаш по концертот, на Лепа Брена и следуваше итна операција