НЕ САКАМЕ ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ И НА ГОРДОСТА Сиљановска Давкова инсистира на фер процес за пристапување во ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на средбата со белгискиот премиер Александер Де Кро на климатскиот самит во Баку му порача дека преговорите за членство на Македонија во Еу треба да продолжат, за да се забрзаат внатрешните реформи, а Де Кро истакна дека нашата држава може да смета на силна белгиската поддршка, затоа што направила огромен напредок и сега на ред е ЕУ да стори нешто.

356

Македонските аспирации за членство во Европската Унија биле главната тема на разговори на средбата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со премиерот на Белгија, Александер Де Кро, што се одржа во рамките на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку.

„Белгискиот премиер Де Кро истакна дека нашата држава може да смета на силна белгиска поддршка, затоа што според официјален Брисел, земјата направила огромен напредок и сега на ред е Европската Унија да стори нешто“, соопштија од кабинетот на претседателката.






Сиљановска Давкова ги истакнала добрите и пријателски односи меѓу двете држави и ја изразила потребата од интензивирање на комуникацијата на високо и на највисоко ниво.

„Во контекст на пристапниот процес кон ЕУ, претседателката Сиљановска Давкова посочи на потребата од отворање на преговорите за членство, со цел мобилизација на институциите и фокус на реформите и стандардите, особено на владеењето на правото и борбата против корупцијата. Претседателката го нагласи очекувањето од македонска страна за фер процес на пристапување во ЕУ, кој ќе ја почитува националната гордост на нашите граѓани и ќе се води на начин што длабоко не го вознемирува нивното чувство за национален идентитет“, соопшти Кабинетот на Сиљановска Давкова.

Поврзани содржини