„НЕ САКАМЕ НОВИ САНКЦИИ ЗА РУСИЈА“ Германија се побудни, дури бара некои од старите мерки да бидат ублажени!

Берлин бара предложената нова мерка за задржување на странски филијали на компании одговорни за кршење на режимот на санкции да биде целосно исклучена од новите санкции или нејзиниот ефект да биде ограничен само на компаниите кои произведуваат одредени стоки.

1,092

Германската влада го блокира усвојувањето на новиот пакет санкции на ЕУ против Русија, кој има за цел да ја зајакне контролата врз заобиколувањето на рестриктивните мерки, а се однесува и на извозот на руски течен природен гас, пренесува агенцијата ДПА, повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел.

– Во последно време се чувствува дека Германија стана новата Унгарија – го цитира агенцијата соговорникот, кој зборувал за бројни случаи кога Будимпешта го блокирала процесот на донесување санкции против Руската Федерација.






Како што потсетува агенцијата, главната цел на новите санкции треба да биде да се спречи заобиколувањето на претходно усвоените рестриктивни мерки, меѓу другото, способноста на руската одбранбена индустрија да купува западни технологии.

Друга цел ќе биде извозот на руски течен гас. ЕУ сака да ја забрани употребата на европските пристаништа за испраќање бродови со руски течен гас во трети земји.

Германија е првенствено загрижена за првата компонента на идниот пакет санкции, изјавија европски дипломати за агенцијата.

Така, Берлин бара предложената нова мерка за задржување на странски филијали на компании одговорни за кршење на режимот на санкции да биде целосно исклучена од новите санкции или нејзиниот ефект да биде ограничен само на компаниите кои произведуваат одредени стоки.

Во Германија стравуваат дека во спротивно германските компании би можеле да бидат оштетени, пишува агенцијата. Германските власти, исто така, сметаат дека некои мерки се претерани и сакаат да ги ублажат, како што се ограничувањата за користење на рускиот платен систем.

Поврзани содржини