„НЕ САКАМЕ ДА СМЕ АМЕРИКАНЦИ, САКАМЕ ДА СМЕ СВОИ“ Гренланд се спротивстави на Трамп со порака да се повлече

Политичките партии во Гренланд испратија заедничка порака до САД дека иднината на островот е исклучиво право на неговите жители, додека Данска предупредува на сериозни последици за НАТО.

448

Политичките партии во Гренланд демонстрираа единство како одговор на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со статусот на данската автономна територија, објави агенцијата ДПА.

„Не сакаме да бидеме Американци, не сакаме да бидеме Данци – сакаме да бидеме Гренландци“, се наведува во заедничката изјава потпишана од сите пет партии застапени во локалниот парламент на Гренланд, Инатсисартут.






Политичките сили ги повикаа САД да го прекинат, како што велат, „презирниот став кон нашата земја (Гренланд)“, нагласувајќи дека „за иднината на Гренланд мора да одлучува исклучиво народот на Гренланд“.

Трамп синоќа повторно ги потврди своите тврдења за Гренланд, изјавувајќи дека САД мора да преземат чекори за да спречат Кина или Русија да ја преземат контролата врз стратешки важниот арктички остров.

Републиканецот во повеќе наврати истакна дека сака островот, кој е дел од Кралството Данска, сојузник на НАТО, да биде ставен под контрола на САД поради неговата, како што ја нарекува, „стратешка важност“, како и поради, според него, растечкото присуство на руски и кинески бродови во регионот.

Данската влада категорично ги отфрли ваквите изјави. Данската премиерка Мете Фредериксен предупреди дека евентуален американски напад или обид за преземање на Гренланд би значел крај на НАТО и на глобалната безбедносна архитектура воспоставена по Втората светска војна.

Поврзани содржини