НЕ САКАМ ЗАЛУДЕН СОСТАНОК СО ПУТИН, ВЕЛИ ТРАМП Шефот на САД не се брза со одлука за „Томахавките“
Меѓутоа, американскиот претседател не откри дека планираната средба во Будимпешта е откажана. На прашање дали измените во агендата имаат врска со можната продажба на ракети „Томахавк“ на Украина, Трамп одговорил дека „сè уште нема донесено одлука“.
„Не сакам да имам залуден состанок“.
Вака изјави американскиот претседател во Овалната соба во врска со можната средба со рускиот лидер Владимир Путин во Будимпешта, јави Си-Ен-Ен.
Трамп рекол дека сака разговори „само ако има шанса тие да бидат продуктивни“.
Меѓутоа, американскиот претседател не откри дека планираната средба во Будимпешта е откажана. На прашање дали измените во агендата имаат врска со можната продажба на ракети „Томахавк“ на Украина, Трамп одговори+ дека „сè уште нема донесено одлука“.
„Политико“ цитираше извори од Белата куќа според кои самитот е симнат од агендата откако државниот секретар Марко Рубио разговарал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Си-Ен-Ен јави дека прелиминарните разговори меѓу Рубио и Лавров биле ставени „во мирување“.
Од друга страна, Ен-Би-Си Њуз пренесува дека телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин бил „продуктивен“, но дека Русија и Украина не се подготвени за сериозен мировен процес. „Вашингтон пост“ потврди дека во блиска иднина не се планира средба меѓу двајцата претседатели.
Трамп минатата недела изјави дека сака да се сретне со Путин во Будимпешта, „веројатно во следните две недели“, за да разговара за замрзнување на фронтовите во Украина како прв чекор кон мир.
Но, засега – средбата е само можност, не и план, јави ДПА.