„НЕ САКАМ ВООПШТО ДА ЗБОРУВАМ ЗА ТAА ИДЕЈА“ Путин е загрижен за можната ликвидација на ајатолахот Хамнеи

Британски „Гардијан“ наведува дека овие зборови на рускиот претседател доаѓаат откако тој понуди да посредува во преговорите меѓу Израел и Иран, за чиј конфликт „изрази длабока загриженост“.

1,667

„Дури и не сакам да разговарам за оваа можност. Не сакам“.

Вака изјави шефот на Кремљ, рускиот претседател Владимир Путин на прашање од новинарите за можноста Израел, со помош на САД, да го убие ајатолахот Али Хамнеи, врховниот лидер на Иран, јави Ројтерс.






Британски  „Гардијан“ наведува дека овие зборови на рускиот претседател доаѓаат откако тој понуди да посредува во преговорите меѓу Израел и Иран, за чиј конфликт „изрази длабока загриженост“. Сепак, американскиот претседател Доналд Трамп минатата среда, 11 јуни, изјави дека го одбил предлогот.

Претходно, американскиот портал Аксиос (Axios) повикувајќи се на неименувани владини претставници објави дека Трамп го стопирал израелскиот план за атентат врз иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи за време на викендот.

Путин предложи договор кој ќе му дозволи на Техеран да развива мирољубива нуклеарна програма, додека истовремено ќе ги адресира безбедносните грижи на Израел, објави Асошиејтед прес.

Говорејќи на Економскиот форум во Санкт Петербург, рускиот лидер истакна дека Иран не побарал воена помош од Русија, иако претходно биле понудени неколку противвоздушни системи и дури целосен одбранбен систем, понуда што Техеран ја одбил.

Во своето обраќање синоќа за време на тркалезната маса со водечките уредници на големите меѓународни новински агенции, Путин исто така рече дека е подготвен да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, но дека потписот на конечниот договор за мир треба да го стави легитимна власт во Киев.

 

Поврзани содржини