НЕ САКАМ ТЕНЗИИ И ПРОБЛЕМИ Вучиќ се мисли дали да оди на устоличувањето на митрополитот Јоаникиј во Цетиње

МЦП ќе организира устоличување на митрополитот Јоаникије во Цетиње, на 5 септември, но тој настан ќе се случи без претходно планираното сенароден собор пред Цетињскиот манастир.

498

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави денес дека сè уште не донел одлука дали ќе присуствува на устоличувањето на црногорско-приморскиот митрополит Јоаникије на Цетиње на 5 септември, за што има добиено покана, наведувајќи дека неговата одлука ќе биде врз основа на политички аргументи, како и дека не сака да предизвика дополнителни тензии, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ кажа дека одлуката ќе ја објави на 2 или 3 септември, ден пред устоличувањето на митрополитот Јоаникије.






– Согледуваме се и нема да се водам од она што го велат безбедносните служби, нема да барам излез со оваа одлука, но мојата одлука ќе се базира на политички аргументи – изјави Вучиќ, одговарајќи на новинарски прашања.

– Во никој случај не сакаме да предизвикаме дополнителни тензии или да создадеме проблеми – кажа Вучиќ, посочувајќи дека Црна Гора мора да биде пријателска земја за Србија.

– А дали се согласуваме со одлуките на нечие раководство е друго прашање. Друго е односот кон луѓето во Црна Гора, ние ги почитуваме и сакаме, без оглед на верската, националната припадност. Нашата работа е пред се да се грижиме за припадниците на српскиот народ – кажа Вучиќ.

Од друга страна како што соопшти црногорскиот весник Побједа, најновиот став на Црногорско-приморската митрополија (МЦП) на Српската православна црква (СПЦ) е устоличувањето на Цетиње сепак да се одржи но без присуство на верници што е резултат на договорот со црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ, кој на митрополитот Јоаникије му ја пренел загриженоста на Советот за национална безбедност и Советот за одбрана и безбедност на Црна Гора дека постојат големи безбедносни ризици.

Конечен став за локацијата на устоличувањето ќе зависи од проценката на безбедноста на српскиот патријарх Порфириј, без која не може да се одржи устоличувањето во Цетиње.

МЦП ќе организира устоличување на митрополитот Јоаникије во Цетиње, на 5 септември, но тој настан ќе се случи без претходно планираното сенароден собор пред Цетињскиот манастир.

Ова вчера беше објавено од Митрополијата на српската црква, пишува Побједа, во моментот кога Собранието на Цетиње расправаше за устоличувањето и испрати порака дека собирот треба да биде забранет.

„Сакајќи да дадеме максимален придонес за мирот и стабилноста на Црна Гора, почитувајќи ги епидемиолошките мерки, решивме устоличувањетоо да биде под сводот на Цетињскиот манастир, на литургиски собор предводен од српскиот патријарх Порфириј, со учество на епископи од нашата и други сестрински цркви со свештенството и присуство на претставници на црковните општини од Црна Гора. Значи, овој настан ќе се случи без претходно планираниот народен собор пред Цетињскиот манастир“, беше соопштено од Митрополијата.

Тоа значи, како што објаснија изворите на Побједа, дека на собирот нема да присуствуваат гости и официјални лица, 200 од нив, како што првично беше планирано од СПЦ.

Како што претходно напиша Побједа, Јоаникије веќе ја отфрли заедничката понуда на Кривокапиќ и Бечиќ за устоличување без верници.

Како што наведоа од МЦП, мора да се разбере и прифати дека Црна Гора е „држава на сите нас“.

Поврзани содржини