НЕ САКАМ ДА ЗАСТАРИ ДЕЛОТО Бубевски нема да се жали за казните во „Титаник 2“

Јас не би поднел никаква жалба во однос на казната затоа што мислам дека казната е во рамките на предвиденото со закон, но исто така сакам да спречам одолжување на постапката за да може Апелација да одлучува во законски предвидениот рок, истакна обвинителот Гаврил Бубевски.

376

Нема да поднесам жалба на пресудата, оти сум задоволен од казните кои се изречени денеска во Кривичниот суд, рече јавниот обвинител Гаврил Бубевски кој ги гонеше Сашо Мијалков и Мендух Тачи во случајот „Титаник 2“ за изборни нерегуларности.

– Јас не би поднел никаква жалба во однос на казната затоа што мислам дека казната е во рамките на предвиденото со закон, но исто така сакам да спречам одолжување на постапката за да може Апелација да одлучува во законски предвидениот рок – рече Бубевски, објаснувајќи дека со самото тоа што нема да поднесе жалба ќе се скрати рокот за одлучување во Апелација, а предметот би бил завршен во април кога делото за Мијалков застарува.






Мијалков во случајот е осуден за примање награда за противзаконито влијание.

Тачи, како и четворицата поранешни членови на ДИК (Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев) се осудени за повреда на избирачкото право и нивните казни се поблаги во однос на оние со претходната пресуда.

Поврзани содржини