НЕ САКАМ ДА УМРАМ ДОДЕКА СНИМАМ Мајкл Даглас се повлекува од актерството

687

Американскиот актер Мајкл Даглас денеска на прес-конференција на Меѓународниот филмски фестивал во Карлови Вари откри дека повеќе не планира да снима филмови освен ако не добие примамлива понуда и објасни зошто ја донел оваа одлука.

Не сум работел од 2022 година бидејќи сфатив дека морам да престанам. Работев доста напорно речиси 60 години и не сакам да бидам еден од оние што умираат на снимање – рече осумдесетгодишниот актер, додавајќи дека по кариера долга неколку децении, сака да ужива во слободното време, објавува Variety.





Познатиот актер нагласи дека не се смета себеси за официјално пензиониран и дека д отворен за враќање во Холивуд доколку се појави вистинска можност.

– Немам сериозни намери да се вратам. Велам дека не сум во пензија бидејќи би се вратил ако се појави нешто посебно, но во спротивно не – рече тој.

Зборувајќи за идеалната улога, рече дека е среќен што го игра сопругот на неговата сопруга Кетрин Зита Џонс и дека тоа е тајната на добриот брак.

Додека поголемиот дел од прес-конференцијата се вртеше околу 50-годишниот филм и легендарната кариера на Даглас, актерот зборуваше и за својата сегашност и иднина, поточно за неговата борба против ракот на грлото.

– Ракот во стадум 4 не е празник, но нема многу избори, нели? Се вклучив во програмата, која вклучуваше хемотерапија и зрачење, и имав среќа. Операцијата ќе значеше дека нема да можам да зборувам и ќе ми се отстрани дел од вилицата, а тоа ќе беше ограничувачко како актер – објасни актерот.

 

Поврзани содржини