Не сакале да ја примат поради ковид-19, па се породила пред болница (ВИДЕО)

На видеото се гледа и куче кое во еден момент се приближило до насобраните за да им „помогне“.

640

Мексиканка (28) морала да се породи на влезот на болницата во јужната мексиканска држава Оахака, бидејќи болницата во која отишла била полна со пациенти.

Жената наводно чекала десет минути пред болницата за да биде примена, по неуспешните обиди на нејзиниот партнер да ги убеди вработените да ја примат, објави „Дејли меил“.






Медицинскиот персонал и рекол на мајката да почека пред болницата, која е полна со пациенти со ковид-19, а на видеото се гледаат лекари и медицински сестри кои ја опкружуваат жената додека се породувала.

На видеото се гледа и куче кое во еден момент се приближило до насобраните за да им „помогне“.

По раѓањето, бебето било завиткано во ќебе и пренесено во болница.

– Мајката и нејзиното петто дете се во стабилна состојба – објави Министерството за здравство на државата Оахака.

Поврзани содржини