НЕ САКАЛ ДА ЛЕЖИ ВО БОЛНИЦА Ресенчанецот потпишал изјава дека си оди дома на сопствена одговорност

По потпишана изјава дека си оди на сопствена одговорност, пациентот е испишан со препишана терапија која треба да ја прима во модуларната болница во Ресен - објаснуваат од Министерството за здравство.

1,655

Момчето од Ресен на возраст од 24 години кое почина утрово и беше најмладиот починат во денешната ковид статистика, според информациите од Министерството за здравство, било примено на инфективното одделение во битолската болница во тешка состојба, но на сопствена одговорност заминало на домашно лекување, објави Сител.

– Пациентот на 24 август е примен во инфективното одделение на Клиничката болница Битола како суспектен на ковид-19. Пациентот имал ниска сатурација и отежнато дишење, биле направени сите потребни лекарски проверки, тој имал масивна бронхопневмонија, ниска сатурација, веднаш на пациентот му била дадена терапија и бил ставен на кислородна поддршка. Откако ја примил терапијата, пациентот одбива да остане на болничко лекување, иако запознаен со сериозноста на состојбата и потребата од доиследување, пациентот бара да биде пуштен на домашно лекување. По потпишана изјава дека си оди на сопствена одговорност, пациентот е испишан со препишана терапија која треба да ја прима во модуларната болница во Ресен – објаснуваат од Министерството за здравство.






Следниот ден бил пак хоспитализиран во многу полоша состојба, а денеска наутро починал.

-Следниот ден, на 25 август, пациентот е донесен од ОБ Охрид за хоспитализација во КБ Битола. Веднаш хоспитализиран во тешка општа состојба со ниска сатурација, поставен на двојна кислородна поддршка, интензивна терапија, но и покрај тоа постојано му се влошува состојбата и паѓа сатурацијата. На 27 август утрото и покрај обидите на лекарите да го спасат, пациентот починал – велат од МЗ.

И според нивните официјални податоци, пациентот не бил вакциниран и немал коморбидитети.

Поврзани содржини