НЕ РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА НА ВОДНО По вчерашната „утка“, денеска дознаа за ветер од 70 километри на час

1,218

Од ЈСП информираат дека жичарницата на Водно утринава не работи поради лошите временски услови.

„Ве информираме дека Жичарницата, денеска, недела (05.02.2023 год) не започна со работа вообичаено во 10 часот, поради несоодветни временски услови. Надлежните служби ја следат ситуацијата на терен и во оној момент кога ќе се создадаат соодветни временски услови за работа, Жичарницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, информираат од ЈСП.






Поголема група граѓани, меѓу кои и деца вчера не можеле да се симнат од врвот на Водно со жичницата поради силниот ветер. Од Центарот за управување со кризи информираа дека проблемот бил надминат откако Жичницата била повторно ставена во употреба.

Поврзани содржини