НЕ РАБОТИ ЛИФТОТ ВО КЕЖОВИЦА Левица обвинува дека директорот се обидува да ја скрие вистината

Со отстранување на предупредувањето, сега животите на персоналот и пациентите се во опасност од несреќа. Дополнително, Маја Манолева, заменик министерката за здравство, вчера во Собранието искажа бесрамни лаги, дека лифтот е во функција. Лифтот во Кежовица не работи. Левица ги предупредува граѓаните да внимаваат, соопштуваат од партијата Левица.

230

Партијата Левица ги предупреди граѓаните да внимаваат бидејќи лифтот во одделот за Физикална терапија во Кежовица во Штип не работи и го обвини директорот дека се обидел да ја скрие вистината. Од партијата соопштија:

„По вчерашното пратеничко прашање од страна на пратеникот на Левица, Борислав Крмов, утрово експресно пристигнала наредба од директорот Ален Георгиев да се отстрани предупредувањето дека лифтот во Физикалната терапија во Кежовица НЕ РАБОТИ. Вработените, но и жителите на Штип знаат дека лифтот не работи веќе 6 месеци! 6 месеци неподвижните пациенти не можат да ја добијат потребната нега и третман!“, велат од Левица и додаваат:






„Со отстранување на предупредувањето, сега животите на персоналот и пациентите се во опасност од несреќа. Дополнително, Маја Манолева, заменик министерката за здравство, вчера во Собранието искажа бесрамни лаги, дека лифтот е во функција. Лифтот во Кежовица не работи. Левица ги предупредува граѓаните да внимаваат“.

 

Поврзани содржини