НЕ, ПРВАТА ДАМА НЕ ДЕЛИ 5.000 ЕВРА! Отворен лажен профил на име Елизабета Пендаровска
За лажниот профил кој зема лични податоци од граѓаните, запознаена е МВР и самата Елизабета Ѓоргиевска.
Измамници на лажени профили и фејсбук-страници организираат непостоечки наградни игри, во кои корисниците треба да искоментираат одредени нешта, на пример првата буква од името или точен збор кој тие го бараат, за да можат да учествуваат. Притоа им се крадат лични податоци, податоци од кредитни картички.
Измамниците денеска отишле до таму што на еден од профилите е злоупотребено името на првата дама, Елизабета Ѓоргиевска. Профилот е отворен со презимето на претседателот Пендаровски (Пендаровска) и од него се злоупотребуваaт лични информации на граѓаните и се крадат и информации за кредитни картички.
Под името Елизабета Пендаровска, денеска на социјалните мрежи се ширеше и фотографија од сопругата на македонскиот претседател, која наводно ќе подели донации од 5.000 евра на сто граѓани.
За лажниот профил е запознаена МВР и самата Елизабета Ѓоргиевска која напиша на својот официјален профил.
„Почитувани пријатели, многумина од вас ми пишаа за лажен профил направен со мое име. Пријавен е во Фејзбук и во МВР, но би ве замолила за побрза реакција од Фејсбук, да има што повеќе пријавувања. Ви благодарам“.