Не преземате ништо? Еден ден ќе ви се суди!
Сè додека може да биде спасен барем еден човечки живот и сè додека барем еден може да биде изолиран од заразување, мерки мора да се преземаат.
Овој нихилизам што го промовира Комисијата за здравство и пред сè министерот за здравство е недозволив и недопустив.
Оваа помирливост со ситуацијата и пуштањето на работите да одат „по природен тек“ еден ден ќе заврши со куп кривични пријави за небрежност.
Сè додека може да биде спасен барем еден човечки живот и сè додека барем еден може да биде изолиран од заразување, мерки мора да се преземаат.
Ставот дека е прекасно да се преземаат било какви дополнителни мерки (а што правеа кога не беше прекасно, си спиеа на ушите?) е погубен и крајно дефетистички. И не само тоа, туку зборува за нивното непочитување на здравјето и животот на нацијата.
Искрено се надевам дека таа нивна несреќна одлука „да не се презема ништо“ денеска ќе биде преиначена. Во спротивно, еден ден, покрај кармата, ќе им судат и судови.
(ФБ статус на авторот, насловот е редакциски)