Не претпоставува што се случува зад неа: Инструкторка од Мјанмар танцува пред камера и стана хит на социјалните мрежи (ВИДЕО)

Видеото, кое веќе собра милиони прегледи на социјалните мрежи, прикажува жена која продолжува да вежба, додека во позадина се гледаат црни џипови кои минуваат на безбедносен пункт во главниот град Непјидо.

651

Фитнес инструкторката и танчерка Кинг Нин Веи од Мјанмар, брзо стана „жешка тема“ на социјалните мрежи, откако ја сними својата дневна рутина и на снимката несвесно ги фати моментите на државниот удар.

Видеото, кое веќе собра милиони прегледи на социјалните мрежи, прикажува жена која продолжува да вежба, додека во позадина се гледаат црни џипови кои минуваат на безбедносен пункт во главниот град Непјидо.






Се чини дека Нин Веи, на видеото, не е свесна што се случува зад неа. Подоцна, таа се огласи и потврди дека снимката е вистинита и додаде дека 11 месеци ја снимала својата рутина за танцување пред парламентот, пренесува „Гардијан“.

Во рациите во понеделникот рано наутро, армијата на Мјанмар ја уапси лидерката Аунг Сан Су Ки и други високи членови на владејачката партија пред тие да прогласат вонредна состојба и да ја преземе власта.

Поврзани содржини