Не постои универзална идеална тежина: Дознајте ја вашата според висината, градбата и годините

1,388

Дали некогаш се прашувате дали навистина имате прекумерна телесна тежина или само вашата психа си поигруваа со вас? Ви се чини дека сите околу вас имаат идеално телесна градба и тежина која вие никогаш не можете да ја достигнете? Одговорот на овие прашања ќе го најдете во овој текст.

Постигнувањето идеална тежина е цел која речиси секој од нас ја има во план. Меѓутоа, честопати доаѓаме во ситуација кога незадоволството од нашиот физички изглед нè спречува да одржуваме идеална тежина, па затоа одиме во друга крајност (нагло и многу слабееме).






Кај одредени луѓе, идеалната тежина многу е поразлична од здравата телесна тежина, и токму тука настанува проблемот. Треба да знаете дека целта не е да држите долготрајна диета која ќе го исрцпи  вашето тело и ќе ја влоши вашата здравствена состојба.

Вашата идеална тежина не треба да претставува слика на слаба манекенка, туку треба да подразбира нормален и привлечен изглед во кој се чувствувате добро, како физички така и психички.

Светската здравствена организација пропиша одредени стандарди и показатели кои можат да ни помогнат да утврдиме дали нашата тежина е идеална. Ова првенствено се однесува на БМИ индексот, односно индексот на телесна маса.

Што е индекс на телесна маса?

Индекс на телесна маса (БМИ) претставува број кој ни го покажува односнот помеѓу нашата тежина и висина, земајќи ги предвид полот и возраста. Постојат и специјализирани калкулатори за пресметување на БМИ, во кои дури може да се внесат информации за градбата на телото.

Постојат неколку различни БМИ табели кои покажуваат различни категории на телесната тежина во однос на одредени параметри. Овие табели ќе ви дадат информации дали се наоѓате во една категорија или сте на границата на некоја друга категорија.

Бидејќи постојат различни калкулатори на интернет, најдобро е лекар специјалист да ја пресмета вашата идеална тежина. Многу е важно да знаете дека идеалната тежина се менува со годините, па ако во 20-тите години од животот вашата идеална тежина била 70 кг, 15 години подоцна оваа бројка може да се промени.

Зошто е важно да се знае нашата идеална тежина

Во време кога изгледот е многу важен и кога секојдневно гледаме безброј познати личности во медиумите, јасно е дека губиме на вистинската перцепција кога станува збор за изгледот. Честопати може да ни се чини дека изгледаме дебели во однос на нив, а всушност нашата телесна тежина е сосема нормална. Затоа никогаш не треба да се споредувате со другите луѓе, туку да гледате на себеси како посебна и единствена личност.

Разликувајте го концептот на дебелина со концептот на вишок тежина. Значи, да имате неколку вишок килограми е една работа, а да се биде дебели е нешто сосема друго. Малку се луѓето кои можат да одржат идеална телесна тежина цело време, и затоа често може да се случи да имаме неколку килограми повеќе. Ова не е здравствена состојба што бара одење на лекар, доволно е само да ги интензивирате физичките активности и да се грижите за вашата диета.

Поврзани содржини