НЕ ПОЧИНАЛО БЕБЕ ВО БИТОЛА Директорката на болницата вели дека денеска се родило здраво и живо машко дете

Ја известувам јавноста дека лажна е веста за наводно починато бебе по породување на мајката. Напротив, во текот на денешниот ден регистриравме раѓање на здраво машко бебе, и тоа е 190 новороденче од почетокот на оваа година - изјави Ивановска.

1,641

Д-р Елизабета Ивановска, директорка на ЈЗУ Клиничка болница „д-р Трифун Пановски“- Битола, во изјава за МИА истакна дека лажна е веста за починато бебе по породување на мајката, која во текот на денот беше објавена од медиуми во земјава. 

– Ја известувам јавноста дека лажна е веста за наводно починато бебе по породување на мајката. Напротив, во текот на денешниот ден регистриравме раѓање на здраво машко бебе, и тоа е 190 новороденче од почетокот на оваа година – изјави Ивановска.






Како што е познато, д-р Елизабета Ивановска, специјалист-интернист од неодамна е нова директорка на ЈЗУ Клиничка болница „д-р Трифун Пановски“-Битола.

Поврзани содржини