📷 „НÈ ПОБЕДИЈА, НÈ УНИШТИЈА…“ Јокиќ разочаран по најтешкиот пораз во историјата на Денвер
Минесота Тимбервулвс го совлада Денвер со 115-70 и се избори за седми натпревар од полуфиналната серија.
Кошаркарите на Денвер Нагетс го доживеаја најтешкиот пораз во историјата на франшизата кога е во прашање НБА плеј-офот. Минесота Тимбервулвс го совлада тимот од Колорадо со 115-70 и се избори за седми натпревар од полуфиналната серија.
Никола Јокиќ мечот го заврши со 22 поени, 9 скока и 2 асистенции. Сепак, најголем проблем на Денвер е фактот што „двоцифрени“ беа само уште Арон Гордон (12) и Џамал Мареј (10).
– Мораме да прифатиме дека ова е голем пораз. Нѐ победија, нè уништија и мораме да научиме од ова. Мораме да почитуваме сѐ што направија. И, погледнете, имавме резултат 9-2 на почетокот. Не изгледаше така добро за нив. Од тој момент играта стана еднотимско шоу – изјави Јокиќ по поразот.
Nikola Jokic was standing throughout the entire 4th quarter.
This is lowkey the scariest I’ve seen him. pic.twitter.com/KBmabbWwvV
— NBA Memes (@NBAMemes) May 17, 2024
Српскиот кошаркар кој сезонава ја доби третата МВП титула за најкорисен играч во НБА, истакна и како од почетокот најави интересна серија против Минесота.
– Оваа серија е многу интересна, тоа го кажав и пред почетокот. Секој може да победи како гостин и тоа е она што го гледаме во моментов. Не се појавивме на овој натпревар, тие беа подобри од нас во секој сегмент. Дадовме едвај 70 поени, нивната одбрана беше фантастична. Бројките зборуваат сами за себе – објасни српскиот центар.
Одлучувачки фактор за ваков пораз беше очајниот шут од поле. Нагетс погодија само 30% од нивните удари, што е навистина премногу ниско за плејоф натпревар.
-Покажаа дека се одличен одбранбен тим, тие се најдобрата одбрана во лигата со причина. Имавме свои шанси, но не ги искористивме -рече Јокиќ.