НЕ ПИЈАМ ЧУДНИ ЗЕЛЕНИ СОКОВИ, НИТУ МНОГУ СУПЛЕМЕНТИ Елизабет Харли ја откри тајната на својот изглед
Елизабет Харли која наскоро ќе полни 61 година, често објавува фотографии во бикини и покажува дека и во седмата деценија изгледа исто толку добро колку и претходно. Во последните објави на Инстаграм, таа ја обелодени и тајната на својот изглед
Актерката Елизабет Харли која во јуни ќе наполни 61 година и со тоа и официјално ќе влезе во седмата деценија од животот, често ги објавува своите фотографии во бикини на социјалните мрежи, очигледно горда на својот изглед.
За неа времето како да застанало и таа изгледа исто како и претходно и без ниту еден килограм плус.
Овојпат, во својата објава на Инстаграм со заводливите фотографии во долен дел од црвено бикини од нејзиниот бренд за костими за капење, таа ја откри и нејзината тајна. А таа не чини ништо.
– Јас лично не пијам чудни зелени сокови ниту земам многу додатоци во исхраната, но прво нешто што го правам секое утро откако знам за себе, е тоа што пијам две чаши топла вода и се колнам во тоа (и не чини ништо) – напиша таа.
View this post on Instagram
Обожавателите веднаш реагираа фалејќи го нејзиниот изглед и едноставниот совет, а таа набргу објави и нова уште поразголена фотографија на која лежи на трева, помеѓу пролетни цвеќиња во долен дел од жолто бикини, додека со рацете ги покрива градите.
И со оваа објава, уште еден совет од Харли:
– Пролетта дојде! Денес, побарав витамин Д во прекрасниот Херефордшир, носејќи само @elizabethhurleybeach и @clinique SPF. Доколку ја заштитувате кожата, малку сонце е навистина добро за вас, и ментално и за убавина, затоа… нанесете крем и ИЗЛЕЗЕТЕ НАДВОР.
View this post on Instagram