НЕ ПАМЕТИ КОЛКУ ДАЛ БИДЕЈЌИ МУ Е СЕЕДНО, ПАРИТЕ СЕ НАРОДНИ Николовски платил многу за хотелите, а доказ се документите што ги доставил, соопшти ВМРО-ДПМНЕ

Лага e тврдењето на Дон Николовски дека хотелите во САД во кои престојувал биле евтини. Хотелите во САД се платени неколку стотина евра од вечер, потврда за тоа се и документите кои самиот Дон Николовски ги доставил во сметководството на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

379

Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, спиел во хотели кадешто ноќевањето е стотина евра и лаже кога вели дека платил поевтино, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Дон Николовски спиел во хотели каде што ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино.






Љупчо Дон Николовски, очигледно, кога станува збор за народни пари, не памети колку и каде дал, секако сеедно му е.

Лага e тврдењето на Дон Николовски дека хотелите во САД во кои престојувал биле евтини. За хотелите во САД се платени неколку стотина евра од вечер, потврда за тоа се и документите кои самиот Дон Николовски ги доставил во сметководството на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Ништо не го вади Дон Николовски од одговорноста за тоа што, додека земјоделците тука мака мачеле со откуп и пласман, тој ноќевал по скапи хотели платени неколку стотина евра.

Дон Николовски раскалашено се однесувал со народните пари. Дон Николовски е лицемерен, никој повеќе не му верува“, соопшти партијата.

Поврзани содржини