НЕ ПАДНА ФРАНЦУСКАТА ВЛАДА Мишел Барние останува премиер на Франција

За недоверба на владата гласаа 197 пратеници од левичарската коалиција, што не беше доволно за соборување на кабинетот на Мишел Барние, кој стана премиер пред еден месец.

229

Повикот за гласање недоверба на француската влада поднесен од коалицијата на левите партии денеска го одобрија само 197 пратеници, далеку од потребните 289 за соборување на владата на Мишел Барние.

Левичарската коалиција што го поднесе предлогот ги обединува социјалистите, еколозите и радикалната левица.






Мишел Барние (73), ветеран на француската десница, пред еден месец беше назначен за премиер од претседателот Емануел Макрон.

Поврзани содржини