НЕ ОТВОРАЈТЕ МЕЈЛОВИ ОД НЕПОЗНАТИ! Полицијата предупредува дека кружат лажни пораки за кривични дела

1,524

Министерството за внатрешни работи ги предупредува граѓаните да не наседнуваат на повици да се јават на суд поради измислени кривични дела. МВР ги предупредува граѓаните да не отвораат линкови и датотеки кои се испратени во прилог на е-маил порака која доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на вашиот компјутерски систем од малициозен софтвер.

„Деновиве во МВР пристигнаа пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на министерот за внатрешни работи, во соработка со полициската канцеларија на Европол, во која во вид на повик за појавување во суд од страна на Сектор за прекршоци, во која примачот на пораката се известува дека е предмет на наводни правни постапки за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено. Притоа, примачот на пораката се повикува да го контактира испраќачот преку вибер линк“, соопшти МВР.






МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака која не е испратена од Министерството, ниту од било која институција за спроведување на законот. Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на испраќачот со цел нивна понатамошна злоупотреба. Затоа апелираме на посебно внимание, овие пораки да не се отвораат, а уште помалку да се контактира испраќачот преку доставениот линк и да се споделуваат личните податоци кои ќе ви бидат побарани.

Министерството информира дека ваквите обиди за измама се со меѓународен предзнак, имајќи предвид дека електронски пораки со слична содржина во изминатиот период биле испраќани и на граѓани во земјите од регионот.

 

Поврзани содржини