Не опаѓа бројот на хоспитализирани, денеска во болница се 1.687 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 42 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 702 лица се лекуваат на инфективните оддели во Скопје.

258

Вкупната бројка на пациенти со коронавирус кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е 1.687 и има околу 330 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти денеска Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 42 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 702 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во Скопје.






Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 11 приеми. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 10 приеми, 7 на Инфективната клиника, во Козле биле примени двајца, 6 пациенти биле примени на Клиниката за детски болести, а на Институтот за физикална медицина 6 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 24 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 292 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 140 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 154 пациенти, во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 31 пациент, на Клиниката за детски болести има 11 деца, на ГАК има две позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 62 болни.

Во Скопје утрово до 8 часот имало 90 слободни места.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 986 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во болницата во Битола се хоспитализирани 148 пациенти, во Штип 89, Тетово 40,  Велес 86, Куманово 99, Охрид 100, Прилеп 114, Гостивар 44, Струга 20, Струмица 95, Кочани 36, Кичево 35, Кавадарци 56, Гевгелија 24.

Поврзани содржини