НЕ ОЧЕКУВАЈТЕ ИЗВИНУВАЊЕ ОД ПЕНДАРОВСКИ ЗА НАВРЕДИТЕ КОН СИЛЈАНОВСКА Човекот свесно премолче секс скандал во Армијата, потсети Ковачки

Ме изненадува тоа што молчи и Димитар Ковачевски, меѓутоа молчи и Сања Лукаревска, носителот на изборна единица број 3 кој како жена треба да знае и треба да застане позади сите жени, истакна Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

251

Втор ден како Пендаровски Стево молчи за навредите кон Гордана Силјановска Давкова, навреди за сексистичка основа, навреди на мизогиниска основа. Но, што да очекува јавноста од човекот кој што го премолче секс сканадалот во Армијата, ќе го премолче и овој, рече Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ме изненадува тоа што молчи и Димитар Ковачевски, меѓутоа молчи и Сања Лукаревска, носителот на изборна единица број 3 кој како жена треба да знае и треба да застане позади сите жени. Ова е напад на сите жени истовремено. Ги повикивам и Пендаровски и Ковачевски и Лукаревска веднаш да се оградат од овој настан. Овој настан само покажува колкав е стравот кај истите, покажува дека се исплашени од поразот и се свесни дека Гордана Силјановска Давкова ќе му го визира пасошот на Стево Пендаровски да се исели од Република Македонија. На 24 април да излеземе масовно и да го поразиме Пендаровски и Ковачевски – порача Ковачки.

Поврзани содржини