НЕ НОСИШ МАСКА…КАЈ ТИ Е КАФЕТО? Полицајци во Мелбурн малтретираат човек во парк (ВИДЕО)
„Може ли да проверам дали навистина има нешто во неа?“, рече полицаецот, а потоа ја затресе чашата откривајќи дека има течност внатре. Откако виде дека има кафе, полицаецот му ја врати чашата велејќи: „Уживај во кафето“. „Исус ве сака сите. Бог да ве благослови. Ќе се молам за сите вас“, им возврати на сето ова човекот кој љубезно дозволи да му направат проверка.
Австралија, земјата која само што излезе од најтешкиот локдаун во светот, сè уште се држи до строгите ковид-мерки, а видео од полицајци кои малтретираат човек кој не носи маска во градски парк ја разбранува јавноста, пишува Мондо. Полицајците си дозволиле да проверат дали човекот навистина има кафе во чашата.
Melbourne Police grabs a guy’s coffee cup to check if there is coffee in it otherwise, he would of fined him for not wearing a mask 👀
Coffee is known to kill COVID 🙃☕️ pic.twitter.com/7wUB1lBXDF
— DIOGO THE FIVE8 (@Diogothefive8) October 16, 2021
– Може ли да проверам дали навистина има нешто во неа? – рече полицаецот, а потоа ја затресе чашата откривајќи дека има течност внатре.
Откако виде дека има кафе, полицаецот му ја врати чашата велејќи: „Уживај во кафето“.
– Исус ве сака сите. Бог да ве благослови. Ќе се молам за сите вас – им возврати на сето ова човекот кој љубезно дозволи да му направат проверка.
Австралија воведе некои од најстрогите пандемиски ограничувања во светот, како дел од нејзината стратегија „Ковид нула“ во обид целосно да го затвори ширењето на вирусот. Главниот здравствен службеник во Нов Јужен Велс, д-р Кери Чант, кој ги советуваше жителите во јули да се воздржат од разговор со луѓе, подоцна рече дека Австралијците можеби ќе треба да носат маски со години.
Жителите на Мелбурн беа изложени на најдолгиот карантин во светот, кој траеше повеќе од осум месеци. Ограничувањата беа малку олеснети на 29 септември, кога државата Викторија ја достигна целта од 80 отсто од првата доза на вакцинација.
Премиерот на државата, Даниел Ендрјус, вети дека конечно ќе го укине карантинот на 22 октомври, кога се предвидува дека 70 проценти од населението над 16 години во Австралија ќе ја прими втората доза на вакцината.