НЕ НИЕДЕН, ТУКУ 25.000 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 Протече таен список
Туркменистан, поранешна советска република во која живеат речиси 6 милиони луѓе, една е од најмалку пет земји кои не пријавиле ниту еден случај на коронавирус, според прегледот на податоците кои ги собрале Универзитетот Џон Хопкинс и Светската здравствена организација.
Туркменистан, чиј авторитарен лидер тврди дека во таа држава нема регистриран ниту еден случај на ковид-19, тајно бележи околу 25.000 починати чија смрт е поврзана со таа болест.
На списокот се случаи кои починале од ковид-19 од почетокот на пандемијата, односно речиси две години.
Извор од здравствениот систем на Туркменистан изјавил за туркменистанскиот сервис на Радио Слободна Европа:
-Иако бројот на смртните случаи од коронавирусот не е објавен, за тоа покарините секојдневно го информираат Министерството за здравство.
Туркменистан, поранешна советска република во која живеат речиси 6 милиони луѓе, една е од најмалку пет земји кои не пријавиле ниту еден случај на коронавирус, според прегледот на податоците кои ги собрале Универзитетот Џон Хопкинс и Светската здравствена организација.
Три држави кои не пријавиле податоци се изолирани острови на Пацификот и Северна Кореа. Тие се строго контролирани и затворени држави.
Претседателот на Туркменистан Гурангули Бердимухамедов, кој владее од 2006 година, ги отфрлил извештаите за ковид-19 во земјата како лажни и при обраќањето во Обединетите нации рекол дека одговорот на пандемијата не треба да се политизира.