НЕ НИ ТРЕБА ПРОЦЕС БЕЗ КРАЈ, ТУКУ ПРЕДВИДЛИВА ЕВРОПСКА ИДНИНА Мицкоски бара реформите и трудот да бидат соодветно вреднувани

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека денеска на Минхенската безбедносна конференција учествувал на тркалезната маса „Отворена врата или отворен крај? – Исполнување на ветувањата за проширување на ЕУ“.

194

Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека на Минхенската безбедносна конференција учествувал на тркалезната маса „Отворена врата или отворен крај? – Исполнување на ветувањата за проширување на ЕУ“, на која, како што наведе, ги претставил позициите на земјава за проширувањето на Европската Унија.

„Денес на Минхенската безбедносна конференција учествував на тркалезната маса „Отворена врата или отворен крај? – Исполнување на ветувањата за проширување на ЕУ“ каде што јасно ги претставив нашите позиции за проширувањето на ЕУ. ​Пораката е едноставна: на Македонија и на регионот не им треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина. Време е реформите и трудот на нашите граѓани да бидат соодветно вреднувани“, напиша Мицкоски на неговиот профил на Фејсбук.






Тој вчера, на вториот ден од 62. Минхенска безбедносна конференција оствари средби со украинскиот претседател Володимир Зеленски, со Ричард Гренел, специјален пратеник на претседателот на САД Доналд Трамп за специјални мисии, како и со холандскиот премиер, Дик Схоф, со претседателот за глобални прашања и ко-раководител на Глобалниот институт Голдман Сакс Џаред Коен и со Тед Дојч од Американско-еврејскиот комитет.

Поврзани содржини