НЕ НИ ТРЕБА ПОМОШ ОД НИКОГО ЗА ИРАН, НИКОГАШ НЕ НИ ТРЕБАШЕ Трамп тврди дека САД ја уништиле иранската армија

Отсекогаш го сметав НАТО, во кој инвестираме стотици милијарди долари секоја година за да ги заштитиме токму овие земји, за еднонасочна улица - ние ќе ги заштитиме, но тие нема да сторат ништо за нас, особено во време на потреба, објави денеска претседателот на САД, Доналд Трамп, откако повеќе западни земји го отфрлија неговото барање за воена помош за обезбедување премин на танкерите низ Ормускиот Теснец.

178

Не ни треба помош од никого, објави денеска претседателот на САД, Доналд Трамп на социјалната мрежа Трут соушл, откако повеќе западни земји го отфрлија неговото барање за воена помош за обезбедување премин на танкерите низ Ормускиот Теснец.

„Соединетите Држави беа информирани од повеќето наши „сојузници“ од НАТО дека не сакаат да се приклучат на нашата воена операција против терористичкиот режим на Иран на Блискиот Исток, и покрај фактот дека речиси секоја земја цврсто се согласува со она што го правиме и дека на Иран никогаш не смее да му се дозволи да има нуклеарно оружје“, објави Трамп.






Нивната одлука не ме изненадува, додаде тој.

„Отсекогаш го сметав НАТО, во кој инвестираме стотици милијарди долари секоја година за да ги заштитиме токму овие земји, за еднонасочна улица – ние ќе ги заштитиме, но тие нема да сторат ништо за нас, особено во време на потреба“, напиша Трамп.

За среќа, додаде, ја уништивме иранската армија.

„Нивната морнарица е исчезната, нивните воздухопловни сили повеќе не постојат, нивната воздушна одбрана и радари се уништени, и можеби најважно, нивните лидери, на речиси сите нивоа, повеќе не постојат и никогаш повеќе нема да претставуваат закана за нас, нашите сојузници на Блискиот Исток или во светот! Бидејќи постигнавме толку голем воен успех, повеќе не ни треба ниту сакаме помош од земјите на НАТО. НИКОГАШ НЕ НИ ТРЕБАШЕ! Истото важи и за Јапонија, Австралија или за Јужна Кореја. Всушност, зборувајќи како претседател на Соединетите Американски Држави, убедливо најмоќната земја во светот, НЕ НИ ТРЕБА ПОМОШ ОД НИКОЈ! Ви благодариме за вашето внимание“, објави американскиот претседател Доналд Трамп.

Поврзани содржини