НЕ НИ МОЖЕМЕ ДА ГО ПРАВИМЕ ОНА ШТО ГО ПРАВИ БУГАРИЈА Цуцуловски прашува како ќе делиме учебници кај Македонците во Албанија кога учебници немаме

Како може да повикува на излезност на Македонците на пописот што се одржува во Албанија, кога не умее и не сака да организира нормален попис овде, во Македонија?, прашува професорот на Фејсбук.

720

Професорот Љубомир Цуцуловски на Фејсбук пишува дека Македонија и да сака не може да го спроведе она што Бугарија „систематски го прави со Македонците во Албанија“. Тој вели дека за потсмев е што Македонија нема сопствени учебници, па следствено нема да може ниту да им дели учебници на тамошните Македонци и дека не умее да организира „нормален попис“ дома, а ги повикува Македонците да излезат на пописот во Албанија.






„Како, на пример, (македонската власт) би организирала додатна настава за тамошните македонски дечиња, како би делела пропагандна литература, историски читанки или учебници, кога не поседува ни македонски учебници за македонските ученици во македонските училишта во Македонија?“, пишува Цуцуловски и додава:

„Како може да повикува на излезност на Македонците на пописот што се одржува во Албанија, кога не умее и не сака да организира нормален попис овде, во Македонија? Ова е мизерија, ова се невидени мизерија и срам без никому око да трепне. За одговорност ниту збор. Ова е срам, ова е невиден срам, еднаков на потсмев и распродажба на достоинството на сите Македонци“.

Поврзани содржини