НЕ НЀ ПОСЛУШАА ЗА СВАДБИТЕ ВО ЗАТВОРЕН ПРОСТОР Караџовски очекува пикот на заразени да се достигне на крајот на август

Претседателот на Комисијата за заразни болести вели дека треба да се вакцинираат што поголем број на луѓе за да се одбегне повторно вовоедување на карантин и полициски час.

4,584

Пикот на четвртиот бран на пандемијата кој почна на почетокот на август ќе биде достинат на месецов, изјави претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, за  ТВ Алсат .

Според него, можеше да се избегне жестокоста на бранот, ако во текот на летото не се дозволеа свадби во затворен простор како што предложила Комисијата за заразни болести.






– Ако тогаш имавме десетици случаи, денес имаме околу 1.200 случаи, така што ситуацијата е неизвесна со тенденција да се влошува. Зошто ни се случува ова? Целосното непочитување на мерките во некои делови на земјата, големата организација на свадби и други забави каде што не се носеа маски, немаше дистанца ниту средства за дезинфекција и најлошото од сето – масовно групирање луѓе на мал простор. Ако ми кажете стотици, би рекол дека имаше илјадници венчавки, на кои некои заборавија дека вирусот постои – изјави Караџовски.

Тој смета дека за да се одбегне  карантин и полициски час по четврт пат, граѓаните треба да се вакцинираат масовно.

– Мерките што ги презедовме се насочени кон мотивирање на граѓаните да се вакцинираат што е можно повеќе луѓе за да се намали можноста за ширење на вирусот. Да се ​​вакцинираат, да не одат во болница бидејќи капацитетите на нашите болници не се неограничени. Хоспитализиравме 550 пациенти низ целата земја, но во центрите за ковид имаме голем број луѓе на кои им е потребен болнички третман, имаме резервни болнички кревети. Меѓутоа, многу рано, кај нас дојде нов бран, или како што го нарекуваме, од типот на делта вирус –  изјави Караџовски.

Поврзани содржини