„НЕ НЀ ИЗБРКАА, САМИ СИ ЗАМИНАВМЕ ОД ВЛАСТА“ Крилото на Таравари со реакција до ВМРО-ДПМНЕ

Според Алијанса на Албанците обвинувањата доаѓаат токму во момент кога Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се наоѓа во „тешки денови“ и е погодена од внатрешни политички предизвици.

311

Алијанса за Албанците денеска остро реагираше на, како што ги нарече, „апсурдните клевети“ од ВМРО-ДПМНЕ, кои се однесуваат кон претседателот Арбен Таравари, кон партијата и нејзиниот ангажман во владината коалиција.

„Алијанса за Албанците будно ги следеше ‘тврдењата’ на ВМРО за нашата партија и нејзиниот претседател. Во целосно отсуство на политички аргументи, очекувано е да има клевети од најапсурден вид“, порачаа од партијата.






Според нив, ваквите обвинувања доаѓаат токму во момент кога Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се наоѓа во „тешки денови“ и е погодена од внатрешни политички предизвици.

„Смирено сме фокусирани на нашата работа кон октомвриската победа и не сакаме со никакви навреди или псевдообвинувања да ја оптоваруваме ВМРО, која во моментов има доволно маки“, велат од Алијанса.

Таравари потсети дека Алијанса за Албанците ја напушти владината коалиција по своја волја, што според него е доказ за политичка одговорност и некорумпираност.

„Самиот факт што ја напуштивме владата по своја волја јасно покажува колку малку сме корумпирани – можеби тоа е незамисливо за некои партии на власт“, рекоа од Алијанса за Албанците.

На крајот од обраќањето, според нив партија „е на добар пат и во своите најдобри денови“, алудирајќи на зголемена поддршка пред есенските избори.

Поврзани содржини