НЕ МУ УСПЕАЈА БЛОКАДИТЕ СО МИНИМУМ ПРИСУСТВО, СЕГА БАРА ПОМОШ ОД СИТЕ РАБОТНИЦИ Трендафилов повика на протест за повисоки плати в сабота

Протестот во сабота ќе започне пред ССМ, ќе продолжи пред Собранието, потоа пред Стопанската комора, а ќе заврши пред Владата. 

101

Сите членови на Сојузот на синдикатите, работниците, членовите и на другите синдикати чии лидери не се борат за вашите плати, да ни се придружите во сабота во 12.05 часот од пред Работничкиот дом за да упатиме нова порака дека платите, минималната плата, мора да се зголемат на сите, повика денеска на прес-конференција претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Тој истакна дека работниците мора сами да се борат за своите примања, бидејќи, како што рече, другите нема да се борат наместо нив. Според него, платата што работниците ја добиваат е резултат на нивниот труд, пот и мака, а не подарок од работодавачите.






Трендафилов оцени дека предложеното усогласување на минималната плата од 1.667 денари е недоволно во услови на постојан раст на трошоците за живот. Како аргумент го наведе и зголемувањето на вредноста на синдикалната минимална кошничка за 2.000 денари во само два месеца.

– Тие сметаат дека работниците се задоволни со ништо или со ронки, наспроти луксузот кој им го овозможувате -рече Трендафилов.

Тој посочи дека околу 160.000 работници во земјава, според податоците на Управата за јавни приходи, живеат со плата под прагот на сиромаштијата, што, како што рече, дополнително ја потврдува потребата од итно зголемување на минималната и останатите плати.

Во однос на последната седница на Економско-социјалниот совет, Трендафилов информираше дека ССМ ја напуштил седницата поради обидот минималната плата да се усогласи само за 1.667 денари.

– Имаме одлука да бараме 600 евра минимална плата и најмалку 6.000 денари зголемување на сите останати работнички плати рече тој.

Трендафилов додаде дека согласно законот, за утврдување на минималната плата е потребно мислење од Економско-социјалниот совет, во кој мора да бидат присутни сите репрезентативни организации на работниците и работодавачите.

– Сметаме дека во март мора да се зголеми минималната плата. Тие не ја даваат, ние ја заработуваме – рече Трендафилов.

Протестот во сабота ќе започне пред ССМ, ќе продолжи пред Собранието, потоа пред Стопанската комора, а ќе заврши пред Владата.

Поврзани содржини