НЕ МУ ДАЛЕ ЧИНИИ ЗА КРШЕЊЕ, ПА УДРИЛ ПО КЕЛНЕРОТ Габриел Бајрам осуден на три месеци затвор
Бајрам е пуштен од истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари во пресудата и правосилната одлука ќе ја чека во домашен притвор.
Габриел Бајрам, син на починатиот пратеник Амди Бајрам, заработи казна затвор од три месеци, откако ја призна вината пред Кривичниот суд во Скопје за насилството сторено во познат скопски ресторан.
Казната затвор следува откако тој заедно со неговиот син претепал угостител во скопски ресторан на булевар „Словенија“. Неговиот син е осуден условно.
„Угостителот одбил на еден од присутните гости на прославата да му даде чинии за кршење. Во тој момент, осомничениот се упатил кон шанкот и со рака замавнал кон шишињата и чашите, фрлајќи ги кон лицето на оштетениот. Оштетениот успеал да се заштити со рацете, по што осомничениот започнал да го удира со боксови во пределот на главата. Кон ударите се придружил и неговиот син, а за цело време двајцата осомничени упатувале пцовки и закани кон нападнатото лице. Оштетениот се здобил со телесни повреди по главата и телото“, наведе Обвинителството.
Бајрам е пуштен од истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари во пресудата и правосилната одлука ќе ја чека во домашен притвор.
Бајрам веќе помина еден месец во притворот во „Шутка“.