НЕ МРДАМЕ ОД ПРВОТО МЕСТО ВО ГРУПАТА Ќе биде тешко против Летонија, ама ќе победиме

„Црвено-жолтите“ на 14 ноември ќе играат со Летонија, три дена подоцна се среќаваат со Фарски Острови.

240

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, повика на максимален пристап на претстојните средби од Лигата на нации.

– Во ова издание секој бод и секој гол се важни. Секој натпревар го почнуваме со цел да победиме и да ги намалиме грешките кои што се неизоставен дел од секој дуел. Победа е императив на мечот со Летонија, но очекувам многу потежок натпревар од тој во Рига. Свесни за важноста на овие два натпревари и главна цел ни е да останеме на првата позиција – изјави Милевски.






„Црвено-жолтите“ на 14 ноември ќе играат со Летонија, три дена подоцна се среќаваат со Фарски Острови.

Двете средби ќе се играат во Скопје.

По 4.коло во Групата-4 од Ц-сегментот, Македонија е лидер со 10 бодови, Ерменија има 4, Летонија 4, Фарски Острови 3.

Поврзани содржини