НЕ МОЖЕВМЕ ДА ГО СПАСИМЕ ПАЦИЕНТОТ, ПА ГО ПРАТИВМЕ НА КАРИЛ Протече извештајот од Штипската болница за смртта на 25-годишното момче од Берово

Оперативниот зафат е завршен околу 10 часот. Пациентот е сместен на одделот за интензивно лекување поради септичната состојба и понатамошна опсервација. Во раните утрински часови, поради влошување на општата состојба, организиран е итен транспорт на КАРИЛ, се вели во извештајот.

15,111

25-годишниот Јован Димовски од Берово, кој наводно поради сепса предизвикана од забот кој го лекувал во Штипската болница прерано го напушти овој свет, првпат во болницата се јавил на 14 август во 1 часот по полноќ, со изразена флегмонозна состојба на десната страна на вратот со потекло од заб.

Ова е наведено во извештајот напишан од ординирачкиот лекар во болницата во Штип, а кој денеска беше доставен до редакцијата на Плусинфо.






„Ординирана е инфузиона терапија, направен е РТГ и извршена е екстракција на забот заради обезбедување на дренажа на гнојната колекција. Следниот ден извршена е и инизија со дренажа. Постинционо, состојбата покажува знаци на подобрување. По три дена пациентот се отпушта со локален уреден наод и со ординирана терапија за дома, како и препорака за контрола. На контролен преглед, локален наод уреден“, се вели во извештајот.

Но, таму е наведено и дека истиот пациент во болницата во Штип бил донесен и на 23 август во 04:40 часот со возило на Итната помош од Берово, во тешка општа состојба, кардио-васкуларно нестабилен, со ниска сатурација, фебрилен и со локален наод: крваво-гноева секреција од инцизиона рана на врат, како и од устата.

„Пациентот е итно внесен во операциона сала, интубиран и започната интервенција. Поради сериозноста на состојбата, итно е повикана помош од УК МФХ. Оперативниот зафат е завршен околу 10 часот. Пациентот е сместен на одделот за интензивно лекување поради септичната состојба и понатамошна опсервација. Во раните утрински часови, поради влошување на општата состојба, организиран е итен транспорт на КАРИЛ“, се вели во извештајот.

Инаку, роднини и блиски пријатели на 25-годишниот Јован на социјалните мрежи обвинуваат дека станува збор за лекарска грешка, односно дека забарот го ставил дренот наопаку, па со тоа се предизвикала сепсата.

Дали се работи за лекарска грешка ќе утврдува Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој веќе иницираше вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничка болница Штип за пациентот од Берово.

ЗАБАРОТ ГО СТАВИЛ ДРЕНОТ НАОПАКУ? 25-годишно момче од Берово почина од сепса откако поправало заб во болницата во Штип

Поврзани содржини