НЕ МОЖЕТЕ ДА НИ ГАРАНТИРАТЕ ДЕКА БУГАРИЈА НЕМА ДА ПОСТАВУВА НОВИ УСЛОВИ? Избришете го Договорот за добрососедство од Преговарачката рамка, предложи Мицкоски

Меѓународните претставници не гарантираат дека од Бугарија нема да има нови услови понатаму, но ако нè убедуваат дека нема да има, тогаш нека го тргнат билатералниот договор, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

420

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека со голема внимателност ги следи пораките од меѓународните претставници во земјава, но и од оние кои изминатиов период беа овде и остварија средби и со опозицијата, но вели дека никој од нив не може да гарантира оти земјава нема да биде соочена со нови услови на патот кон ЕУ.

– Меѓународните претставници не гарантираат дека од Бугарија нема да има нови услови понатаму, но ако нè убедуваат дека нема да има, тогаш нека го тргнат билатералниот договор. Трпението на граѓаните во Македонија е навистина преголемо и тоа се покажа уште од оној Договор за стабилизација и асоцијација па до денес – цело време има уште ова, уште ова – еве јас ќе дадам предлог нека го избришат билатералниот договор од преговарачката рамка и тогаш е бидеме сите сигурни дека нема да има дополнителни услови – истакна Мицкоски во интервју за Алсат М.






Ако сакате да веруваме дека официјална Софија понатаму нема да стави дополнително вето, додава тој, тогаш, да го промениме делот каде што освен Копенхагеншките критериуми во преговарачката рамка е вклучен и билатералниот договор со Бугарија.

Поврзани содржини